ЗА ТИМОТ

Нашиот тим

Павел Николоски

Ученик во СОУ „Мирче Ацев“ - Прилеп


Кон проектот „Модерно е зелено - Мапирај за чиста Пелагонија“ се приклучив за да придонесам за почиста животна околина, како и за лобирање законите за екологија да се спроведуваат во целост со построги казни за загадувачите.

Габриела Пивковска

Ученичка во СОЕУ „Јане Сандански“ Битола


Сакајќи да придонесам за зачувување на животната средина решив да се пријавам во проектот „Модерно е зелено – Мапирај за чиста Пелагонија“. Преку активно учество во истиот се надевам дека ќе придонесам за почиста животна средина во општина Могила, но и во цела Пелагонија.

Христијан Лазоски

Ученик во средно училиште „САБА“ - Битола


Секој млад човек сака да живее во чиста животна средина, но и одговорност на секој млад човек е да придонесе за тоа. Затоа се приклучив на овој еколошки проект.

Ана Марија Колева

Ученичка во СОЕУ „Јане Сандански“ - Битола


Во овај проект се вклучив за да се поттикне еко свеста кај младите, за да се одржува чиста животната средина и да нема загадување.

Лазар Котевски

Ученик во СОЕУ „Јане Сандански“ - Битола


Јас се приклучив во овој проект за да ја заштитувам природата, да запознавам други млади луѓе кои што исто така сакаат да ја штитат природата и да учам од областа на екологијата.

Ангела Ѓоревска

Ученичка во СОЕУ „Јане Сандански“ - Битола


Јас во овој проект се вклучив бидејќи сакам да придонесам за животната средина да биде чиста и здрава, но и да се разбуди свеста кај младите во нашите општини за важноста сите ние да ја одржува животната средина чиста.

Дамјан Николовски

Ученик во СОЕУ „Јане Сандански“ - Битола


Се приклучив во проектот Модерно е зелено – Мапирај за чиста Пелагонија за да ја штитам нашата природа, да се запознавам со нови луѓе кои што имаат слични интереси како мене и да учам. Се надевам и дека успешно ќе ги пренесам стекнатите знаења и искуства.

Андреа Пивковска

Ученичка во СОЕУ „Јане Сандански“ - Битола


Јас во овој проект се приклучив бидејќи сакам да имаме чист воздух, чисти реки и планини. Сите треба да придонесеме за тоа. Овај проект може да не направи свесни за важноста на екологијата во секојдневниот живот.

Илија Наумоски

Ученик во СОУ „Наум Наумовски Борче“ - Крушево


Крушево е една од најубавите и најзелените општини во Македонија. Но проблемот со дивите депонии станува загрижувачки и за овој регион. Преку учество во овој проект сакам да придонесам во мојата општина да се идентификуваат дивите депонии, да се чистат, но и да јакне свеста не се создаваат нови.

Марта Кузманоска

Ученичка во ДСМУ „Др.Јован Калаузи“ Битола


Секој млад човек има право да живее во чиста животна средина, но и одговорност да биде еколошки свесен граѓанин. Ваквите проекти ги учат младите луѓе на еколошки одговорно однесување.